Andaç Hongur,Mehmet Ali Derdiyok
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Истанбул изјави дека „по освојувањето на Истанбул веќе нема напуштање ниту на Истанбул, ниту на Тракија, ниту на Анадолија", пренесува Anadolu Agency (AA).
„Никој никогаш нема да може да ја оттргне од нас оваа земја. Проблемот на терористичката организација не е ниту курсниот наод ниту некој дел од територијата. Нивниот проблем е да се осветат за освојувањето на Истанбул", рече Ердоган во обраќањето по повод 563-та годишнина од освојувањето на Истанбул, на коешто присуствуваа повеќе децетици илјади луѓе.
Претседаелот на Турција порача дека не е возможно да се пишува историјата без да се спомене Истанбул, градот на два континенти, инспирација на поетите, градот кој маѓепсува со сè што обединува.
„Да ја пишувате историјата без да го споменете Истанбул, мастилото би ви пресушило, моливот би застанал. Животот без да го видите и почувствувате Истанбул е непотполн и поради тоа мораме добро да ја знаеме вредноста на овој град. Посебно е важен поради тоа што го спомнал нашиот драг Пратеник. Тоа е град кој отвораше и затвораше цели периоди и затоа едни на другите мораме да си ја честитаме 563-годишнината од неговото освојување", рече Ердоган.
Претседателот на Турција рече дека „пресметката околу освојувањето на Истанбул не заврши ниту 563 години од тој настан".
На денешното одбележување на годишнината од освојувањето на Истанбул присуствуваше и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.
„Тие пресметки нема да завршат сè додека овде се виори нашето знаме, тоа ќе трае“, рече Ердоган и додаде дека освојувањето на Истанбул значи „покорување на илјадагодишната Византија на 21-годишен султан".
Во градот на Босфорот денес е одбележана 563-та годишнина од освојувањето на Константинопол, денешен Истанбул.
На денешен ден во 1453 година османлиската војска на чело со султанот Мехмед II Освојувачот го зазеде Константинопол, престолнината на моќното Византиско царство односно Источното Римско Царство, чиј последен цар беше Константин XI. Од тој ден, градот на Босфорот лежи на два континенти, стана престолнина на Осмалниското царство.