Servet Günerigök
12 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АШХАБАТ (АА) - Конфликтите со големи цивилни жртви и масовните миграции треба под итно да се решат преку обединување, изјави турскиот претседател, јавува Anadolu Agency (АА).
Во забелешките направени во текот на „Конференцијата за неутралност“ одржана во туркменистанскиот главен град Ашхабат, денес, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече: „Конфликтите им се закануваат на мирот и стабилноста, и неизвесноста што ја носат со себе овие конфликти, безусловно влијаат на сите земји.
„Посакувам овие конфликти, кои имаат хуманитарни димензии со цивилни жртви и масовни миграции, да бидат под итно разрешени во рамки на меѓународните закони и соработка“, рече претседателот.
Тој ја повика меѓународната заедница и институциите да преземат одговорност, додавајќи дека светот ќе ги надмине идните конфликти преку единство.
Ердоган, исто така, ја потенцираше „посебната важност“ на турските врски со Туркменистан.
„Вкоренетата историја и нашите заеднички вредности кои ги имаме со Туркменистан прават цврста основа за нашите односи и јас верувам дека овие односи ќе продолжат да се зајакнуваат во идниот период“, додаде тој.
„Денот на неутралноста“ го признава и го поддржува прогласениот статус за трајна неутралност на Туркменистан. Оваа година се навршува 20-годишнината од тој настан.
Турција беше првата земја што го призна Туркменистан кој ја објави својата независност на 27-ми октомври, 1991 година, и назначи амбасадор првин во Ашхабат.
На 12 декември 1995 година, Туркменистан го доби статусот за трајна неутралност со поддршка на Турција и 185 други земји.
Претходната посета на Ердоган на Туркменистан беше на 15-ти август, 2013 година, во времето кога беше премиер на Република Турција. Сегашната посета е прва посета на Туркменистан во својство на претседател на Турција.