Servet Günerigök
04 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги отфрли и остро ги осуди наводите за вмешаноста на членовите на неговото семејство во купувањето нафта од терористичката организација ДАЕШ во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
"Вовлекување на моето семејство во таа приказна навистина не е етички. Тоа е бесмислена и неетичка страна на инцидентот со соборување на авионот. Порано и иранските телевизии објавија нешто такво, беа предупредени па престанаа со тие лаги и дволичноста", рече турскиот претседател во Анкара во четврток, а во врска со наводите на руските медиуми дека Турција но и некои од членовите на неговото семејство се вмешани во куповањето нафта од ДАЕШ во Сирија.
По соборување на рускиот авион кој на 24 ноември го наруши воздушниот простор на Турција, во руските медиуми се појавија наводи за наводната трговија со ДАЕШ во пограничната зона на Сирија со Турција. Таквите наводи турските власти категорично ги отфрлија со докази како ДАЕШ нафтата ја продава на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу наводите за купувањето нафта од ДАЕШ ги нарече "советска пропаганда" и рече дека Русија би требала да престане со пласирање на лаги и да се врати на дијалог со соседната и партнерска Турција.