Enes Kaplan
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
МАРДИН (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во турскиот град Мардин порача дека турската војска секој момент може да влезе во центарот на Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган денеска престојуваше во источниот турски град Мардин, каде што говореше на редовниот конгрес на Партијата на правдата и развојот (АК Парти), а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања.
Претседателот Ердоган рече дека турската војска секој момент може да влезе во центарот на Африн.
„Очекуваме во секој момент. Остана уште малку до влезот во Африн. Секој момент може да ви ја соопштиме таа радосна вест“, рече Ердоган.
Турскиот претседател потврди дека до денеска во операцијата „Маслинова гранка“ што Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска (ФСА) ја спроведуваат во Африн, се неутрализирани најмалку 3.569 терористи.
Претседателот Ердоган изнесе критики на сметка на Соединетите Американски Држави (САД) поради испраќањето оружје на терористичките организации.
„Повеќе пати им говоревме: ‘Внимавајте, правите грешка. Велите дека сте против тероризмот, а делувате заедно со терористите. Ќе платите висока цена за тоа.' Така беше. Имаат многу пари, затоа и испратија 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со оружје. Но, што се случи? Сето оружје го најдовме каде се наоѓа. Секако, сега терористите бегаат, а ние го собираме тоа оружје“, порача Ердоган.