İlkay Guder
16 Април 2017•Ажурирај: 16 Април 2017
АНКАРА (АА) Претседастелот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на АК Партијата и премиерот на Турција Јилдирим, претседателот на партијата МХП Бахчели и претседателот на Партијата на големо единство (ББП) Дестиџи и им ја честиташе победата на референдумот, со желба постигнатиот резултат да биде за доброто на народот во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
- Голем број на светски лидери му честитаа на Ердоган по повод резултатите од референдумот
Голем број на светски лидери му честитаа вечерва на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по одржувањето на референдумот за уставни промени во таа земја кој е поддржан од мнозинството гласачи.