Hanife Sevinç,Andaç Hongur
11 Октомври 2016•Ажурирано: 12 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на IX Евроазискиот исламски совет, кој се одржува во Истанбул, изјави: „Важноста на овој состанок е што тој се одржува по обидот за државен удар на 15 јули во Турција. Доколку овој обид за државен удар беше класичен, тогаш тој немаше да има свое место на овој состанок. Изведувачите на обидот за државен удар себеси се замислуваат дека се еден вид верска заедница, а нивниот лидер, сигурно себеси се смета дека е човек кому Господ му го покажува патот. Потребно е многу добро да го анализираме ова лице кои ги натера пучистите со години да се кријат себеси, да имаат двоен карактер, и на крајот да го свртат оружјето кон својот народ и држава, и да ја пролијат нивната крв“, јавува Anadolu Agency (AA).
- „Тоа е пакосно движење што го крие своето вистинско лице“
Турскиот претседател во својот говор на овој состанок зборуваше и за терористичката организација ФЕТО: „Оваа закана не се однесува исклучително само за Турција. Не треба да заборавиме дека таа е организација како што се Ал Каеда и ДАЕШ, кои на териториите на исламскиот свет ги окрвавија рацете и направија многу штета, а во неа има лица кои веруваат дека им служат на божествените цели. Терористичката организација на Фетула, именувана како структури на ФЕТО, и од аспект на теолошки ерес и од образовно-економски аспект, претставува закана за муслиманите и за целиот свет на ист начин како и ДАЕШ“
- „Ние немаме потреба да бараме дозвола од одредени места“
Претседателот Ердоган рече дека не може да биде прифатена неправдата некои земји коишто се оддалечени со илјадници километри да доаѓаат во Авганистан и на многу други места, и под образложение дека постои опасност за нив, да извршуваат операции, додека Турција, којашто има заедничка граница со Сирија во должина од 911 километри и 350 километри со Ирак, да не може да интервенира за постоечката опасност.
„Во операциите на коалицијата против ДАЕШ учестуваат 63 земји, речиси од сите страни на светот. Слична е состојбата и во Сирија. Ништо поразлично не е ниту во другите земји. Сите оние што се против нашите обиди да се справиме со домаќините на изворот на терористичката закана за Турција и за заштитата на милениумското наследство што како браќа и соседи го уживаме заедно, воопшто не реагираат против присуството на останатите земји. Доколку Сирија и Ирак имаат некаков проблем, најголемо право во давањето секаква поддршка и помош има Турција. Тоа е последица на братството и соседството што го имаме. Затоа немаме потреба од барање дозвола, ниту пак размислуваме да бараме. Потенцирам дека тоа треба така да се знае“, рече понатаму во своето обраќање турскиот претседател Ердоган.
„Во моментов се прават подготовки за операции во Ирак, за ослободување на Мосул, во кои ќе учествуваме исто како што учествувавме во Џарабулус и во Раи. Лично ме навредува. Кој? Премиерот на Ирак. Потребно е прво да си го знае своето место. Прво самите од нас бараа да ја поставиме базата Башика во периодот на почитуваниот премиер на Турција, Давутоглу, а сега го зборуваат спротивното. Ние ги имаме сите видео-материјали и ќе ги прикажеме на ТВ-каналите. Ни велат ‘Тргнете се оттука’. Турската армија нема од вас да добива наредби. Ќе продолжиме да го правиме она што е потребно, како што тоа го правевме досега“, рече претседателот Ердоган.
- „Турција нема претензии кон ничија територија“
Претседателот Ердоган нагласи дека Турција нема претензии кон ничија територија и суверенитет. „Илјада години сме заедно, братски живеевме на овие простори, каде што и судбината и тагата ни се заеднички. Освен безбедноста на нашата земја и барањето мир за муслиманите во регионот, ние немаме никакви други претензии“.
- „Не можеме да останеме настрана од настаните во Ирак“
„Покрај сите овие настани во Ирак, ние не можеме да останеме настрана. Не можеме да бидеме само набљудувачи. Не можеме да останеме глуви на повиците на нашите браќа од тие краишта. Како земја што секојдневно има жртви од терористите на ПКК и ДАЕШ, постојано ги набљудуваме настаните во Ирак. Владите на Ирак и Сирија кон нашата земја упатуваат тешки обвинувања, за кои нема разумно сфаќање. Секој можеше на еден жален начин да согледа дека во последните 6 години државите што се воено присутни на овие простори во борбата притив тероризмот, воопшто не се грижат за човечките страдања, стотиците илјади загинати и уништувањето на една цела историја. Сите оние што имаат барем малку совест и почит кон угнетената земја, ќе покажат почит кон Турција и ќе ѝ го отворат патот“.