Andaç Hongur,Hanife Sevinç,Izzet Taskiran
29 декември 2015•Ажурирај: 29 декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Република Турција придава голем важност на позитивноот тренд на интензивирање на билатералните односи со пријателската и братска Саудиска Арабија, која ја смета за стратешки партнер, јавува Anadolu Agency (AA).
На покана на саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал-Суда, претседателот на Турција Ердоган, отпатува во официјална посета на Саудиска Арабија, а непосредно пред поаѓањето им се обрати на новинарите на истанбулскиот аеродром Ататурк.
Ердоган рече дека посетата на Ријад ќе биде добра можност, со највисоките официјални лица на Саудиска Арабија да разговара за низа важни билатерални, регионални и глобални прашања, и додаде дека главните теми на средбата ќе бидат соработката во областа на енергетиката, безбедноста, борбата против тероризмот, економијата и трговијата.
Турскиот претседател рече дека Турција секогаш имала цел да обезбеди различни извори на енергија, а последните случувања во регионот додатно ги интензивираше напорите кон остварување на тој план.
Потсетувајќи дека во Саудиска Арабија, на 9-ти и 10-ти декември, се одржа важна конференција на земјите за поддршка на сириската опозиција и дека Турција даде голема пооддршка на тој собир, Ердоган рече дека Анкара и Ријад ќе ја продолжат соработката во правец на пронаоѓање политичко решение за сириската криза.
"Наша цел е во Сирија и во целиот регион да се воспостави правда и траен мир. Познати се ставовите, предлозите и препораките на Турција на кој начин е можно тоа да се оствари. Јасно е и тоа дека секој потег кој не ја зема в обзир општествената и историска динамика ќе донесе само насилство и солзи во регионот. Сите мора да сфатат дека никаде не може да се стигне со поддршка на режимот на злото кој со конвенционално и хемиско оружје уби над 400.000 луѓе во Сирија. Тие кои го поддржуваат се негови сојузници во тоа. Не смее да се занемари настојувањето на терористичките групи како ПЈД и ЈПГ да извршат етничко чистење, а нивната поддршка под изговор дека наводно се борат против ДАЕШ е потпалување на пожарот", рече Ердоган.
Нагласувајќи дека сите грешки во Сирија најмногу ги плаќа сирискиот народ, а потоа соседните земји, Ердоган рече дека Турција во текот на изминатите пет години од сириската криза покажа конструктивен, истраен и пред сè хуман пристап, што ќе продолжи и во иднина.
"Видовме дека тероритичката организација ПКК во Турцја покажа апетит кризата во Сирија да ја искористи за дестабилизација на Турција и да го наруши единството внатре во неа. Една од причините за последните терористички напади е обидот на терористите на ПКК во Турција да пресликаат привиден успех на своите сириски ограноци ЈПГ и ПЈД. Ние тоа не им сме, ниту некогаш ќе го допуштиме тоа. Моментално, нашите сили водат успешна антитерористичка операција. Над 3.000 терористи се неутрализирани во земјата и во странство. Тие операции ќе траат сè до потполна победа над тероризмот и воспоставување на безбедноста и стабилноста во земјата и регионот", порача Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган, за "предавнички" и "провокаторски" ги коментираше неодамнешните изјави на копретседателот на турската левичарска Народна демократска партија (HDP) Селахатин Демирташ, кој ја поддржа сецеонистичката идеја за автономија на регионите на истокот и југоисокот на Турција, што е предмет на истрага на турското Обвинителство како противуставен чин кој го нарушува поредокот на земјата.
"Таквите изјави се само обид да се прикријат неуспесите на терористите и доаѓаат од страна на марионетите на тие терористи. Уверен сум дека таа предавничка мрежа наскоро ќе добие одговор од нацијата, и правдата за обидот за удар на единството, заедништвото, спокојот и братството на нашата држава", порача Ердоган.
Коментирајќи го прашањето за најавените уставни реформи во Турција, Ердоган рече дека тоа е важен проект во чија реализација ќе бидат вклучени сите релевантни политички и граѓански субјекти, и дека задачата по завршувањето на таа цел е граѓаните да можат да кажат "формиравме национален устав" и да тргнат во подобра иднина.