Şerife Çetin
09 Октомври 2018•Ажурирај: 16 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) очекува објаснување од Саудиска Арабија околу состојбата за новинарот Џамал Кашоги, кој исчезна откако влезе во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Европската комисија, Карлос Мартин Руис де Гордехуела, на дневниот брифинг истакна дека одблизу ги следат настаните за саудискиот новинар Кашоги.
„Од Саудиска Арабија очекуваме објаснување кое ќе ја појасни состојбата за истакнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги“, нагласи Гордехуела.
Кашоги е новинар во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), а давал придонес и во весникот „Ал ватан“ (Ал Watan), кој е важна платформа за саудиските реформисти.
Тој минатиот вторник исчезна откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул.