Cüneyt Karadağ
09 Октомври 2018•Ажурирај: 10 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот главен град Берлин донесена е делумна забрана за учество во сообраќај на возила со дизел мотор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката донесена од страна на Берлинскиот административен суд, до 1 јуни наредната година забрането е возилата со дизел мотор да се возат на одредени улици.
Во одлуката на Судот се вели дека локалната Влада во Берлин треба да ги изврши потребните регулативи.
Се вели дека одлуката е отворена за жалба. Оваа одлука е можно да не се применува во некои улици бидејќи локалната Влада пред два месеца донесе одлука за ограничување на брзината до 30 километри на час.
Според европскиот пропис за емисии на издувни гасови, оваа забрана не ги вклучува возилата од категоријата „Евро 6“, кои се возила со дизел мотор со најниски емисии.