İdris Okuducu,Ali Mukarrem Garip
22 Октомври 2016•Ажурирај: 22 Октомври 2016
КИРКУК (АА) - Улични судири меѓу поддржувачите на терористичката организација ДЕАШ и полицијата се уште траат во областа на ирачкиот град Киркук, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинарот на АА од местото на настанот, борбите помеѓу ДЕАШ и полициските сили се уште траат на неколку места во овој ирачки град.
Откако членовите на ДЕАШ вчера го нападнаа центарот на Киркук на оваа област е испратен голем број на припадници на безбедносните сили.
Во центарот на градот Киркук, се уште е забрането да се излегува на улица. Kиркук се наоѓа на околу 290 километри северно од Багдад, 170 километри југоисточно од Мосул.
Заменик-претседателот на регионалната курдска администрација во северен Ирак (IKBY) Koсра Ресул вчера изјави дека жителите на градот „можат да спијат мирно, бидејќи се намалува ризикот од ДЕАШ во градот."
Потсетуваме дека синоќа во два самоубиствени напади во Киркук и Диблис, кои ги изведоа припадниците на ДЕАШ, загинаа 17 а ранети се повеќе од 40 луѓе.