İlkay Güder
21 Март 2018•Ажурирај: 22 Март 2018
АНКАРА (АА) - Жителите во ослободеното подрачје на Африн, Сирија, на Турските вооружени сили (ТСК) им ги предаваат терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, кои се обиделе да се скријат како цивили во руралните региони, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските вооружени сили соопштија дека вчера во центарот на градот Африн на турската војска ѝ биле предадени тројца терористи на ЈПГ/ПКК, а жителите на девет афрински села на турската војска ѝ предале вкупно 18 терористи кои биле маскирани како цивили.
Паралелно со тоа, во соопштението се наведува дека турските сили во продолжение на борбата против тероризмот во пограничниот регион извршиле воздушни напади врз упориштата на терористите на ПКК во ирачката планина Хакурк.
Во нападот се неутрализирани најмалку 12 терористи кои подготвувале нови терористички напади во Турција.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право, засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот: 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН односно на правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година, без борба, на терористите од ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и во Европската Унија (ЕУ). ПКК, уште од средината на 1980-тите години, води терористичка кампања против Турција.