БРИСЕЛ (АА) - ШЕРИФЕ ЧЕТИН - Покрај тоа што засега е одложено прогласувањето независност на Каталонската автономна управа, која се наоѓа во источниот дел на Шпанија, сепаратистичките движења во другите земји-членки на Европската Унија (ЕУ) и понатаму предизвикуваат загриженост.
Нелегитимниот референдум за независнот во Каталонија, од една страна, ги охрабрува сепаратистичките движења во земјите како Белгија, Франција, Италија, Велика Британија и Германија, а од друга страна, ја загрижува администрацијата на оваа земја.
Земјите-членки на ЕУ кои велат дека референдумот за независност во Каталонија е нелегитимен според Уставот на Шпанија, истакнаа дека нема да го признаат можното прогласување независност.
Овие земји го оценуваат прашањето како внатрешна работа на Шпанија, на тој начин заплашувајќи ги сепаратистите кои имаат за цел да ја разбијат храброста на сепаратистите во нивните земји.
- Каталонија може да претставува пример -
Референдумот којшто и покрај тензичната состојба и острата реакција на полицијата се одржа на 1 октомври, претставува пресвртница во барањата за независност на Каталонската автономна област, барања кои од 2010 година постојано се зголемуваат.
Иако претседателот на Каталонската автономна управа, Карлес Пучдемон, соопшти дека е одложено прогласувањето на независноста со цел да се обезбеди дијалог со централната власт, тој вели дека со овој референдум го добиле правото на независност.
Се оценува дека економските причини се главната движечка сила во барањата за независност на Каталонците, каде што 95 отсто од заедницата зборува каталонски.
Во случај Каталонија – која е позната како еден од најбогатите региони на Шпанија, богат со индустрија и инвестиции – во иднина стане независна, се предвидува дека ќе се забележи загуба од 25 отсто во бруто домашниот производ на Шпанија.
- Баскијците чекаат подготвени -
Шпанската автономната област Баскија е меѓу првите кои внимателно ја следат иницијативата за независност на Каталонија. Баскија која е помалку економски развиена во споредба со Каталонија, функционира со даночен систем независно од шпанската Влада.
Во овој контекст, независноста на областа Баскија и понатаму е приоритетно прашање за терористичката организација ЕТА, која се разоружа во 2011 година, а за 50 години усмрти над 800 лица.
Во случај жителите на Баскија, кои тврдат дека биле угнетени во периодот на диктатурата на Франко, меѓу 1939 и 1975 година во Шпанија, се охрабрат од настаните во Каталонија и повторно преземат акција за независност, се смета дека Шпанија ќе се соочи со криза што тешко ќе се надмине.
- Сепаратистичките движења во Обединетото Кралство се засилуваат -
По одлуката на Обединетото Кралство за напуштање на ЕУ (Брегзит), се истакнува дека стануваат помоќни сепаратистичките движења во земјата, која ја сочинуваат Велика Британија, Велс, Шкотска и Северна Ирска.
По настаните во Каталонија, особено се очекува да добијат динамика сепаратистичките движења во Шкотска, која веќе 300 години е дел од Обединетото Кралство.
Сѐ посилни се знаците дека лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен, која вели дека не даде резултат референдумот за независност што Шкотите го одржаа во 2014 година, кога гласале за останување во ЕУ, повторно ќе организира референдум во 2018 година.
Долгогодишната поделба во Северна Ирска, меѓу поддржувачите за обединување со Ирска, и тие што се за останување во Обединетото Кралство, се забележува дека ќе се продлабочи по настаните во Каталонија и по Брегзит.
Земајќи ги предвид последните случувања, се забележува дека е помоќен гласот на партијата „Sinn Fein“ (Шин Фејн) во Северна Ирска, која се залага за напуштање на Обединетото Кралство.
Мишел О'Нил, лидерка на партијата, која вели дека Северна Ирска не сака да го напушти Обединетото Кралство, нагласи дека Брегзит ќе биде катастрофа, и упатува апел за одржување итен референдум за да се обезбеди единство на Ирците.
Обединетото Кралство од една страна има тешкотии со соочувањето со политичките, економските, и со социјалните ефекти на Брегзит, а од друга страна, се забележува дека ќе има тешкотии со успешното соочување со сепаратистичките бранови.
- Стремежот за независност на Фламанците во Белгија -
Една друга земја што внимателно ги следи настаните во Каталонија е Белгија, со три заедници.
Се истакнува дека сепаратистичките барања на Фламанскиот регион претставуваат закана за интегритетот на Белгија, која ја сочинуваат еден мал регион на истокот, каде што се зборува германски, Валонија каде што се зборува француски, Фламанскиот регион, каде што се зборува фламански, и Брисел, каде што се зборуваат двата јазика.
Партијата Нова фламанска алијанса (Н-ВА) која е коалициски партнер на владејачката партија, својата конечна цел ја опишува како „независност на Фламанскиот регион“.
Лидерот на партијата, а воедно и министер за внатрешни работи на Федералната влада, Јан Жамбон, по спорниот референдум за независност во Каталонија истакна: „Моментално, иако не е на дневен ред, во долгорочните цели на нашата партија се наоѓа независноста на Фламанскиот регион. Моето срце е со Каталонците“.
Белгија, која би изгубила половина од населението, како и економските активности, во случај на отцепување на Фламанскиот регион, се охрабрува во краток рок да ги спроведе долгорочните цели. Се смета дека Белгија ќе има тешкотии да опстои како земја.
- Можниот регион „Венето“ во Италија -
Италија, која сѐ уште се бори со рефлексиите од економската криза што ја потресе цела Европа, се наоѓа меѓу земјите погодени од сепаратистички движења. Северниот дел, кој е индустриски и банкарски центар на земјата што има најмногу долгови во ЕУ по Грција, излегува во преден план како регион што најмногу придонесува во бруто домашниот производ на Италија.
Во овој регион, регионот Венето, во план е да се одржи референдум на 22 октомври, кој се однесува на поголема автономија. Покрај Венето, привлекуваат внимание и северните региони, Алто-Адиџе и Ломбардија, како региони кои изразуваат барања за независност.
Во преден план, како важен елемент избива барањето за независност на северниот регион, под името „Паданија, кој е задоволен со авторитетот што го стекнал во финансиските прашања, а во 90-тите години се истакнуваше дека е заморен од „хранење на јужниот дел на Италија“.
- Минатото на Франција со Корзика -
Франција е меѓу првите земји во ЕУ која соопшти дека нема да го признае можното прогласување независност на Каталонија.
Се забележува дека таа се обидува да ги спречи можните сепаратистички барања на островот Корзика. Франција, која во минатото многу страдаше од нападите извршени од страна на сепаратистичките движења, зазеде цврст став против можниот бунт, и го игнорира барањето корзиканскиот јазик да биде официјален јазик покрај францускиот.
Фронтот за национална слобода (ФЛНЦ), поддржувач на сепаратизмот на Корзика, до 2014 година беше познат по притисокот Франција да ги признае националните права на народот на Корзика, како и по барањето за независност.
Моментално, во Парламентот на Франција се присутни тројца националистички пратеници од Корзика. Покрај тоа што регионалната управа на Корзика вели дека ќе биде задоволна само со автономен статус, веќе целосно се открива можноста за ревитализација на барањата за независност.
- Се зголемува бројот на поддржувачите на независноста на Баварија -
Германија, исто така, е меѓу земјите кои се погодени од движењата за независност.
Според една анкета направена неодамна, секое трето лице од оваа покраина би сакало Баварија да се оддели од Германија.
Привлекува внимание тоа што е забележан сериозен раст во оваа стапка во споредба со изминатите години.
Сепак, германскиот Уставен суд забранува одржување на ваков референдум.
Баварската партија која се бори за независна Баварија во ЕУ, тврди дека статусот на регионот не може да се утврди со судска одлука, и оти стремежот за независност на народот на Баварија ќе биде крајниот одлучувач.
Партијата ја поздрави ревитализацијата на сепаратистичките движења во Европа, вели дека ќе продолжи да се бори за независност.
- Уставен референдум во Данска -
Во Данска привлекуваат внимание барањата за референдум во Гренланд и на Фарските Острови.
Во овие региони кои имаат делумен автономен статус од 1948 година, се забележува дека се ревитализираат сепаратистичките движења.
На Фарските Острови, каде што во април 2018 година ќе се одржи референдум за нов устав, се дискутира дека ќе се одржи референдум и за независност.
- Се шири страв од поделба -
Тековната табела појасно објаснува зошто земјите-членки на ЕУ се спротивставуваат на иницијативата за независност на Каталонија, и постојано го повторуваат апелот за почитување на шпанскиот Устав.
Во случај да биде успешна иницијативата на Каталонија за независност, се забележува дека овие земји стравуваат од охрабрувањето на сепаратистичките групи во нивните земји.
Институциите и земјите-членки на ЕУ останаа неми на она што беа повредени стотици лица како резултат на полициската интервенција на денот на референдумот во Каталонија, плашејќи се дека Каталонија може да ја охрабри поделбата, претставувајќи пример во нивните земји.
news_share_descriptionsubscription_contact
