Rahmi Gündüz
21 Април 2017•Ажурирај: 22 Април 2017
ПАРИЗ (AA) - Францускиот државен обвинител Францис Молинс потврди дека е идентификуван напаѓачот кој синоќа во Париз извел напад во кој загина еден полицаец додека друг полицаец е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Молинс истакна дека до сега, поради спроведување на истрага, нема да го открива идентитетот на напаѓачот. Полицијата изврши претрес на куќата на осомничениот која се наоѓа во местото Сјен ет-Марне во близина на француската престолнина.
Каналот БФМ наведува дека напаѓачот е мртов и дека се работи за 39.годишен француски државјанин роден во местото Сјен- Сент-Денис.
Францускиот телевизиски канал наведува и дека напаѓачот порано е осудуван и дека го следела разузнавачка служба.
Еден полицаец загина, додека еден друг полицаец е ранет во нападот до кој синоќа дојде во познатата улица Шанз-Елизе во Париз.
Францускиот претседател Франсоа Оланд рече дека според првичните информации, се работи за терористички напад.