Hajer M'tırı
21 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
ПАРИЗ (AA) - Еден полицаец загина, додека другиот е ранет во нападот до кој дојде во познатата улица Шанз-Елизе во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на гувернерот е соопштено дека еден полицаец им подлегна на тешките повреди кои ги доби во нападот.
Телевизијата БФМ соопшти дека напаѓачот е убиен, додека еден полицаец загина а другиот се здоби со потешки повреди.
Улиците во тој дел на градот се затворени за сообраќај, додека полицијата ги предупреди граѓаните да се оддалечат од спомнатото подрачје.
Според последните информации, во тек е полициска акција по нападот на полицијата.
На лице место се наоѓаат голем број полициски возила и хеликоптери кои кружат над тој дел од градот.