Haydar Hadi
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
БАГДАД (АА) - Во два самоубиствени напади во Багдад, главниот град на Ирак, загинаа 18, а ранети се 47 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пишаното соопштение на Дирекцијата за акции во Багдад се наведува дека е извршен самоубиствен напад во западниот дел од Багдад, во кој загинаа девет лица, меѓу кои и напаѓачот, а ранети се 26-мина.
Од друга страна, бројот на загинатите во самоубиствениот напад на пазар во источниот дел на градот, порасна на девет лица. Во тој напад повредени се 21 лице. Нападот сѐ уште никој не презеде одговорност.
Откако терористичката организација ДАЕШ презеде одговорност над некои делови од Ирак, во Багдад често се случуваат бомбашки напади.