Betül Yürük
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на вонредното заседание на Советот за безбедност на ОН, порача дека студената војна се вратила и дека хаосот на Блискиот исток претставува закана за меѓународниот мир и безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Студената војна се врати, со одмазда, но и со една разлика. Повеќе како во минатото не се присутни механизмите и безбедноста кои управуваа со тензии“, истакна Гутереш.
На барање на Русија, во тек е вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, за последните случувања во Сирија и за можната воена интервенција на САД во Сирија.
Смета дека војната во Сирија е најсериозна криза која денес се заканува на меѓународниот мир и безбедност.
„Хаосот на Блискиот исток се заканува на меѓународниот мир и безбедност“, предупреди Гутереш.
Тој потсети дека Сиријците од почеток ги преживуваат ужасите како што се бруталноста, опсадата, гладта, нападите, хемиското оружје, принудно раселување, сексуално насилство, мачење, притворање...
Русија во вторник стави вето на нацрт текстот со кој би се воспоставило ново стручно тело за утврдување на вината за наводните хемиски напади во Сирија.
Нацртот на резолуцијата на САД доби огромна поддршка во Советот за безбедност со 12 гласови за и само два против (Русија и Боливија), додека Кина беше воздржана.