Hajer M'tırı
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Ајфеловата кула денес е затворена за јавноста поради штрајк на работниците на обезбедувањето, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Денес поради штрајк на дел од работниците на обезбедувањето, Ајфеловата кула е затворена. Градините и шеталиштето се отворени“, објавено е на профилот на Твитер за париски атракции.
Не е објавено какви се барањата на штрајкувачите, како ни дека кога ќе биде отворена Ајфеловата кула.
Франција се соочува со бран на штрајкови во неколку сектори, додека државниот железнички оператер SNCF најави план да штрајкува 36 дена во наредните три месеци поради планираните реформи на Владата.
Студентите, комуналните работници, електричари и вработени во енергетскиот сектор, и вработените на „Air France" се меѓу оние кои учествуваат во најголем бран на штрајкови од изборите за претседателот Емануел Макрон во мај минатата година.
Седум главни синдикати во јавниот сектор побараа еднодневен штрајк на 22. мај во знак на протести поради најавените реформи на Макрон во втората по сила економија на еврозоната.