Özcan Yıldırım
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин изјави дека Владата на Белгија треба да заземе решителен став во борбата против тероризмот, наместо да негира јасни работи, и пред да биде доцна треба да презеде чекори што ќе ги поправат сериозните грешки, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин во пишано соопштение потсети дека пред посетата на Пакистан, претседателот на Турција изјави: „Белгија не е важна адреса само за ПКК туку и за ФЕТО“.
Според наводите на белгиските медиуми, премиерот на таа земја, Чарлс Мишел, оваа изјава на Ердоган ја нарекол „апсурдна и неоснована“, и ја предупредил Владата на Турција да не се меша во внатрешните работи на Белгија.
„Не е можно да се сфати реакцијата на белгиската Влада, која следи непринципиелен став кога станува збор за борбата против тероризмот и исправните критики што им ги упати нашиот претседател. Познато е дека ПКК, која во Европската Унија (ЕУ) е позната како терористичка организација, слободно делува во Белгија“, истакна Калин. Тој потсети и на активностите на споменатата терористичка организација на подрачјето на Белгија.
„Тоа што е дозволено ПКК во Брисел – во текот на самитот Турција-ЕУ, кој е одржан во март – да постави шатор и со тоа да пропагира тероризам, и во август да организира прошетка по повод првиот терористички напад изведен во 1984 година, јасно ја покажува политиката што ја следат белгиските власти кога станува збор за ПКК“, смета Калин.
Тој додаде оти е познато и тоа дека Белгија на својата територија штити многу припадници на терористичката организација ДХКП-Џ, како и дека ги игнорира активностите на припадниците на терористичката организација ФЕТО кои во текот на обидот за државен удар во Турција на 15 јули усмртија невини луѓе.