????? ????????
26 октомври 2015•Ажурирај: 30 октомври 2015
Припадници на турската полиција , во местото Кајапинар, во близина на Дијарбакир, во југоисточниот дел на Турција, убија седум а уапсија 12 припадници на терористичката организација ИСИС, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на гувернерот на Дијарбакир соопштија дека утринава се организирани неколку истовремени операции на стамбените објекти и правни лица за кои се сметаше дека припаѓаат на терористите.
Според претходните известувања, за време на изведување на акцијата загинаа двајца припадници на безбедносните сили, додека пет беа повредени.
Неиуменуван извор за AA кажа дека турската полиција рано утринава покрена операција против терористите во една куќа во центрот на Кајпинар а за тоа време терористите ги активирале поставените експлозивни направи во близина на куќата при тоа убивајќи двајца и ранувајќи петорица полицајци.