Enes Kaplan
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, силно ги осуди изјавите на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој го прогласи 24 април за таканаречен Комеморативен ден на ерменскиот геноцид, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин даде изјава во врска со изјавите на Макрон за прогласување таканаречен Комеморативен ден на ерменскиот геноцид.
„Силно ги осудуваме изјавите на францускиот претседател, Еманауел Макрон, кој 24 април го прогласи за т.н. Комеморативен ден на ерменскиот геноцид“, рече Калин.
„Тврдењата за таканаречен ерменски геноцид се политички лаги без законска база, во контрадикција со историските факти. Тоа нема валидност за Турција. Тие што бегаа од повикот на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2005 година за формирање Заедничка историска комисија за да се фрли светло врз вистините, се обидуваат да манипулираат со историските настани“, додаде тој.
Калин нагласи дека никогаш нема да им дадат можност на тие што иницираат омраза и непријателство од историјата, искривувајќи го минатото.
„Никој не може да ја обвини Турција за злосторство што не го извршила, и не може да ја оцрнува нашата историја. Го осудуваме и одбиваме тоа што почитуваниот Макрон, кој претрпува политички проблеми во својата земја, историските настани ги претвори во политички материјал со обид да го спаси денот“, нагласи тој.
„Турција ќе продолжи да поддржува секаков вид напори со добра намера за да се фрли светло врз настаните што се случија во Првата светска војна со пристап на заедничка болка и праведна меморија“, додаде портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.