Zülfiya Yakup
18 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Полицијата на Косово утринава го уапси Дардан Моликај, секретарот на опозиционото Движење „Самоопределување”, потврдено е од партијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Моликај е осомничен дека извршил кривично дело „кршење на јавниот ред и мир, како и за оштетување на службени возила”.
Во текот на еден од претходните протести на опозицијата, Моликај го изфрлил од службеното возило советникот на министерот за земјоделство, по што демонстрантите го демолирале возилото.
Од „Самоопределување” порачуваат дека нема насилство кое може да ги запре и дека до ослободувањето на сите активисти и заминувањето на „полицискиот режим”, во Косово не може да има правда и мир.