Elena Teslova
20 Јануари 2017•Ажурирај: 21 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес во Москва изјави дека во процесот на решавање на сириската криза е остварен позитивен напредок, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров на отворањето на Состанокот за политичко советување на Шангајската организација за соработка го прокоментира процесот за решавање на сириското прашање.
Во таа пригода тој изјави дека сега сите прифатиле сириската криза да се реши со општ национален дијалог и по еден пат, но врз основа на одлуката на Советот за безбедност на ОН.
„Остварен е позитивен напредок во решавањето на кризата. Поради тоа, преговорите што ќе бидат одржани во Астана ги сметаме како многу битен придонес во подготвовката на параметрите за сеопфатно политичко решение, како и за одржување поголем состанок во Женева, во февруари оваа година“, изјави Лавров.