Fatih Erel
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
ЛОЗАНА (АА) - Американскиот државен секретар, Џон Кери, швајцарскиот град Лозана, се состана со рускиот колега, Сергеј Лавров, со кој разговараше за кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е нивен прв состанок по прекинот на соработката меѓу две земји во однос на сириската криза, на почетокот од октомври.
Состанокот на Лавров и Кери е одржан пред собирот за Сирија.
Да се потсетиме, Соединетите Американски Држави (САД) на почетокот од октомври ги прекинаа сите билатерални контакти со Москва во врска со Сирија, за денес повторно да се разговара на таа тема. Не е дадено никакво соопштение по состанокот на Кери и Лавров.
На собирот во Лозана, покрај американските и руските официјални лица ќе присуствуваат и официјални лица од Турција, Саудиска Арабија, Иран, Ирак, Катар и други земји.
Целта на состанокот е формирање на предусловите за решавање на сириската криза по политички пат и реализирање на она што е потребно за почитување на примирјето од страна на завојуваните страни.