Cüneyt Karadağ
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
БЕРЛИН (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти одредени воени акции во Сирија многу се приближиле кон вршење дела кои спаѓаат во воени злосторства, јавува Anadolu Agency (AA).
Меркел по повод програмата Ден на Германија (Deutchlandtag) организирана во Падерборн, говореше за случувањата во Сирија, првенствено во Алепо, и бомбардирањето на тој град го нарече „нечовечно”.
„Мислам дека (бомбардирањето) многу се приближи кон делата кои спаѓаат во воени злосторства. Дали е извршено воено злосторство ќе оцени Меѓународниот суд на правдата”, порача Меркел.
Таа изјави дека се органзирани состаноци помеѓу САД и Русија во врска со сириската криза, но дека до денес не се постигнати резултати.
Канцеларката Меркел поврзано со бегалската криза во Германија изјави дека околу 60 отсто од барањата на сириските бегалци за азил се одобрени. Покрај тоа, Меркел смета дека бегалците, чии барања не се прифатени, треба да бидат депортирани.