Admir Fazlagic
30 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во текот на вчерашниот ден мешовит патролен тим во близина на Гевгелија, поточно кај село Смоквица запре обид на криумчарење на мигрнати, соопштува Министерстовото за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
"На 29.04.2016 година околу 17,20 часот по предходна дојава дека на автопатот во близина на с.Смоквица во неколку возила се превезуваат мигранти, мешовит патролен тим составен од УПС од ПС од за ГП и ГН Богородица и Република Хрватска, се упатил кон местото, по што откако пристигнале на мв.„Станица Клисура“ било запрено ПМВ „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки управувано од Ф.Ј.(20) од Куманово. Истиот се дал во бегство но по кратко време бил фатен од страна на полициските службеници, додека останатите возила продолжиле да се движат накај Демир Капија", стои во соопштението на МВР.
Се додава дека во возилото биле откриени пет илегални мигранти од Авганистан кои се приведни во полициската станица во Неготино.МВР информира дека се работи на отркивање и пронаоѓање на возачите кои уптавувале со возилата и дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.
"Во возилото биле откриени пет илегални мигранти од Авганистан, кои се приведени во ПС-Неготино. Околу 18,00 часот од страна на полициска патрола во реонот на с.Клисура, односно на околу два километри над селото во планински предел, пронајдени биле празни три возила во кои предходно се превезувале мигранти. Се работи на откривање и пронаоѓање на возачите кои ги управувале возилата, а против Ф.Ј. по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соответен поднесок."