Hülya A. Gündüzalp
30 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
МЕЗАР-И ШЕРИФ (АА) - Милитантите на талибанското движење синоќа изведоа напад на гратчето Ширин Тагаб во северната авганистанска привинција Фарјаб, а во судирот со авганистанските сили убиени се најмалку деветмина талибанци, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалниот функционер Саид Локман Гахрик, за АА изјави дека талибанците се обиделе да изведат напад од два правци и да ја преземат контролата врз тој град.
Истакнувајќи дека авганистанските сили за безбедност одговориле на нападот и ги натерале талибанците да се повлечат. Во судирите убиени се најмалку девет, а ранети неколку десетици милитанти.
Талибанското движење досега не коментираше за овој настан.
Милитантите и вчера се обидоа да изведат напади во местата Кајсар и Гормач во истата провинција. Во тие судири загинаа најмалку осуммина талибанци.