Esra Kaymak
12 декември 2015•Ажурирај: 12 декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери, ќе се состане наредната недела во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Стејт Департментот, Кери со руските челници ќе разговара за состојбата во Сирија и Украина.
"Главна тема на разговорите во Москва ќе биде руското непочитување на спогодбата за прекинување на оганот во Украина" , рече гласноговорникот на Белата куќа, Џон Ернест.
Додаде дека Кери со Путин ќе разговара и за борбата против терористичката организација ДАЕШ.
Кери исто така ќе учествува и на состанокот за Сирија во понеделик во Париз.