Sayed Khodaberdi Sadat
28 Октомври 2018•Ажурирај: 29 Октомври 2018
КАБУЛ (АА) - Во периодот кога претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, го посети градот Хелманд, во јужниот дел на државата, врз центарот на градот извршен е ракетен и бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Хелманд соопшти дека во периодот во кој претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, го посетил центарот на градот Хелманд, врз овој дел од градот бил исфрлен ракетен проектил.
Портпаролот соопшти дека засега нема информации за евентуални жртви од нападот, и дека не се повредени ниту претседателот Гани, ниту претставници од делегацијата која го придружувала.
Очевидците тврдат дека еден од трите ракетни проектили што го погодија градот, паднал во близината на хотелот во кој престојувал авганистанскиот претседател.
Од друга страна, претставници на власта информираа дека по ракетниот напад се слушнала експлозија во центарот на градот.
Одговорноста за нападот ја презеде талибанската организација.