Zehra Ulucak
04 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Делегациите на Соединетите Американски Држави (САД) и Северна Кореја петти пат остварија средба за самитот кој се очекува да се одржи помеѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според новинската агенција „Јонхап“, делегацијата под водство на Сунг Ким, амбасадор на САД на Филипините, оствари уште една средба во Панмунџом со делегацијата на Северна Кореја, предводена од страна на заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон Хуи.
Делегациите на истото место се сретнаа претходно на 27 мај, минатата недела, во среда, сабота и во недела
По средбата не беше дадена изјава, но се претпоставува дека страните разговарале за подготовка на самитот, за преговорите и идниот процес на денуклеаризација на Северна Кореја; за укинување на санкциите врз земјата и усогласување на текстот за официјален проглас за завршување на Корејската војна која е водена на почетокот на 1950-тите години, но досега не е официјално завршена со мировен договор.