Admir Fazlagic
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Полициски службеници вчера наутро на локалниот пат Кавадарци-Конопиште во превозно моторно возило пронашле пронашле 12 илегални мигранти од Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) на 24.07.2016 година околу 09.10 часот на локалниот пат Кавадарци – Конопиште полициски службеници, во превозно моторно возило „Рено Еспејс“ со скопски регистарски ознаки , пронашле 12 илегални мигранти од Сирија од кои четири возрасни и осум малолетни деца. Истите се приведени, а од нив шест мигранти ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци, а останатите ќе бидат вратени назад во Грција.
Возачот, откако не застанал на даден знак, продолжил со движење и по кратко време застанал, го оставил возилото и успеал да побегне, се наведува во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото.