Нов бран мигранти во Прешево: За четири дена пристигнати меѓу осум и десет илјади луѓе
-„Последните четири дена бројот на мигранти доста се зголеми, нивниот број се движи од осум до десет илјади, можно е и повеќе. Кај нас, помош добија над четири илјади, што се однесува до храната и хигиенските средства“???????? ??????????
13 ноември 2015•Ажурирај: 13 ноември 2015
БЕЛГРАД/ПРЕШЕВОБЕЛГРАД/ПРЕШЕВО (АА) – Во прифатниот центар во Прешево, во текот на денешниот ден, бегалци од Блискиот и Средниот Исток пристигнуваат во малку поголем број. Причина за зголемениот број луѓе кои од правец на Македонија пристигнуваат во Србија е изостанување на нивниот превоз, кој е предизвикан од штрајкот на грчките морнари, јавува Anadolu Agency.
„Последните четири дена бројот на мигранти, многу се зголеми, нивниот број се движи од осум до десет илјади, можно и повеќе. Кај нас, помош добија над четири илјади, што се однесува до храна и хигиена“, рече Ахмет Халими од Црвениот крст во Прешево.
Тој додаде дека со оглед на тоа што последните денови временските услови се подобри за ова време од годината, на бегалците им е потребно помалку помош во обувки и облека.
Заблагодарувајќи им на луѓето од УНХЦР и на сите од Европа на гостопримството и помошта кон сите бегалци, Алим од Авганистан кажа: „Сега овде има многу голема гужва, луѓето се во брзање, но мора да ги почитуваат правилата за да влезат во кампот и да добијат регистарска картица. Ние конечно пристигнавме овде, но не знаееме каква иднина нè чека, дали европските земји ќе нè прифатат или не.“
Идриз Абдула од Сирија вели дека животот во нивната татковина станал премногу опасен, толку опасен што неволјите со кои се сретнуваат на патот кон Европа не можат ни најмалку да се споредат со тоа.
„Патувањето преку море беше многу, опасно, но сега сакаме да одиме понатаму. Сега полицијата во Србија ќе ни помогне и многу сме им благодарни за тоа. Патувањето е многу, многу опасно“, рече Абдула додавајќи дека се надева дека тоа во иднина, „во Европа ќе се промени“.