Ata Ufuk Şeker
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Поранешниот претседател на автономната управа на Каталонија, Карлес Пуџдемон, упати апел до централната влада на Шпанија за признавање на резултатите од легитимните избори, и започнување на политички преговори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поранешниот претседател на Каталонија, Пуцдемон, беше разрешен од функцијата откако Каталонија прогласи еднострана независност, а потоа избега во Брисел бидејќи беше издаден налог за негово апсење.
Пуџдемон во објава на социјалните мрежи напиша дека централната влада на Шпанија треба да ги признае резултатите од легитимните избори кои се одржаа на 21 декември во Каталонија.
„Како претседател барам од владата на Шпанија и нејзините поддржувачи да врати сѐ што зела од рацете на Каталонците без дозвола“, истакна Пиџдемон.
Тој тврди дека сѐ уште е легитимен лидер на Каталонија и упати апел до премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, за започнување на политички преговори за решавање на кризата.
„Што чека Рахој во однос на признавањето на резултатите?“, додава тој.
Административната управа на Каталонија донесе одлука за одржување референдум на 1 октомври, но Уставниот суд на Шпанија соопшти дека оваа иницијатива е нелегитимна.
Откако овој регион прогласи еднострана независност на 27 октомври, централната шпанска власт ја распушти локалната управа и каталонскиот Парламент, донесе одлука за одржување избори на 21 декември и привремено започна директно да управува со овој регион.