Şerife Çetin
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Советот на Европската Унија (ЕУ), Доналд Туск, истакна дека е потребно поддржување на предлогот за формирање „регионални евакуациски центри“ надвор од Унијата, додавајќи дека во спротивно ќе се соочат со многу построги предлози, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, Туск организираше прес-конференција на која истакна дека по договорот со трети земји, по 2015 година илегалните миграции се намалени за 96%.
Туск рече дека Унијата, на Самитот на лидерите на ЕУ треба да се фокусира на „надворешните граници“, изјавувајќи дека е потребно да се даде поддршка за формирање центри, кои ќе бидат именувани како „регионални евакуациски центри“, чија цел ќе биде собирање на бегалците надвор од границите на земјите членки на Унијата.
Понатаму, Туск изјави дека алтернатива на ваквото решение е затворање на границите, што може да доведе до зголемување на тензиите меѓу земјите членки на Унијата. „Некои можеби моите предлози за бегалците ќе ги сметаат за многу строги. Но бидете сигурни, доколку не се договориме околу овие предлози, ќе се соочиме со многу поостри предлози“, рече Доналд Туск.