Ekipa
28 Јуни 2018•Ажурирај: 28 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан, при доаѓањето на Самитот на ЕУ, изјави дека миграциите се главно прашање за Европа, и ги опиша како инвазија која треба да се запре, пренесува Anadolu Agency (AA).
Орбан инсистира на тоа, по затворањето на границите, сите земји членки на ЕУ да ги вратат мигрантите кои веќе дошле.
„Луѓето бараат две работи. Прво, да нема повеќе мигранти, значи, запрете ги. Второ, тие кои влегле треба да се вратат“, изјави Орбан денес.
Тој истакна дека е неопходно да се преземат два чекора за да се врати „европската демократија“.
„Инвазијата треба да се запре, а запирањето на инвазијата значи да се има цврста граница“, нагласи Орбан.