Burcu Arik
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Обвинителите во Истанбул денес издадоа налози за апсење за 87 членови на судството како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, соопштија судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворот, како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, извршени се претреси во судовите на Истанбул, Бујукчекмеџе и Газиосманпаша.
Во меѓувреме, од истанбулската полиција исто така изврши упад во затворите во Силиври, Метрис и во Бакиркој, како и во канцелариите за условни казни, за да уапси 75 затворски службеници.
Полицијата исто така ги претресе просториите на осомничените и ги анализираше нивните компјутери.
Бројот на уапсените е сѐ уште непознат.
Турската Влада ја обвинува терористичката организација ФЕТО за обидот за државен удар кој се случи на 15 јули во Турција, во кој загинаа најмалку 241 лице.