АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган се обрати на комеморацијата за Ататурк во конгресниот центар во Бештепе: „Денеска отидете во Сирија, Ирак, Северна Африка, на Средниот Исток, во балканските земји и таму прашајте што мислат за турскиот народ и за Турција. Никаде не можете да слушнете изрази како „експлоатација, окупација, прогон“ и слично. Место тоа, ќе чуете зборови коишто веќе преминале во еден вид на симбол: ‘Повторно дојде верниот Турчин’ и ќе чуете само благодарност“, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган присуствуваше на комеморацијата што се организираше од страна на Високиот совет за култура, јазик и историја „Ататурк“, во културниот и конгресен центар во Бештепе.
Покрај претседателот Ердоган, на церемонијата присуствуваше премиерот Бинали Јилдирим, претседателот на Уставниот суд, Зухту Арслан, началникот на Генералштабот на турската армија, Хулуси Акар, неколку члена на Советот на министри, претседателот на Врховниот суд, Исмаил Рушту Џирит, претседателот на Државниот совет, Зерин Ѓунгор, командата на турските вооружени сили (ТВС), претседателот на Високиот совет за култура, јазик и историја „Ататурк“, проф. д-р Дерја Орс, како и многу ученици од различни училишта во Анкара.
Ердоган го започна својот говор со зборовите: „Со голема чест го споменувам нашиот врховен командант на ослободителната војна и основачот на Републиката, гази Мустафа Кемал“. Истовремено, Ердоган во оваа пригода им се заблагодари и на загинатите херои од 15 јуни, кои ги дадоа своите животи за одбрана на својата земја и слободата, а на повредените во овој настан им се заблагодари што ги наполнија улиците, и покрај ризикот да загинат.
Ердоган истакна дека пред народот нема никава разлика меѓу Војната на Чанаккале, Ослободителната војна, долгогодишната борба во источниот и југоистичниот дел на земјата и обидот за државен удар на 15 јуни. Како што изјави Ердоган, сите овие борби на народот се борби за независноста и иднината на Турција. Тој исто така посочи на фактот дека тие што денеска ја критикуваат политиката на Турција кон Сирија, Ирак, кон Европската Унија и генерално кон Западот, не можат да го разберат значењето на вековната борба за слобода на турскиот народ.
Ердоган истакна дека Турција нема претензии кон ничија територија:
„Пред сѐ, во нашата историја не можете на најдете трага од експлоатација, не можете да најдете ваков срам. Во нашата цивилизација, без разлика на потеклото и на религијата, сите оние со кои сме живееле во иста татковина, сите оние со кои сме дишеле ист воздух и сите оние со кои сме го делеле и јаделе лебот, се наши браќа. Сите држави што се темелат на овие начела, не е можно да ги погазат правата на другите. Од друга страна, секаде каде што заминале нашите предци, овозможиле просперитет и среќа.
Турција има традиција на една држава којашто почнувајќи од средна Европа, преку длабочините на Африка, на еден многу широк герографски простор успеала да изгради доверба и мир. Тие што се обидуваат да ѝ наметнат колонијалистички профил, залудно се лажат. Денеска отидете во Сирија, Ирак, Северна Африка, на Средниот Исток, во балканските земји и таму прашајте што мислат за турскиот народ и за Турција. Никаде не можете да слушнете изрази како „експлоатација, окупација, прогон“ и слично. Место тоа, ќе чуете зборови коишто веќе преминале во еден вид на симбол: ‘Повторно дојде верниот Турчин’ и ќе чуете само благодарност “.
-„Очекувањата и надежите на тамошните луѓе никогаш не престанaа“ -
Претседателот Ердоган раскажa еден вистински настан што се случил во едно од планинските села во Македонија. Еден стар човек со многу голема тешкотија, потпирајќи се на својот бастун, се приближил до екипата на ТИКА.
„Штом го видел знамето на Турција над вратата од автомобилот, старецот со бастунот го подбуцнал еден од службениците на ТИКА и го запрашал: ‘Зошто толку задоцнивте?’. Надлежниот се зачудил, мислејќи дека задоцниле во организацијата на програмата и почнал да му раскажува за ситуацијата, но стариот го прекинал и му рекол: ‘Продолжете, 100 години ве чекаме вас’. Помина еден век од кога се разделивме од таму, но очекувањата и надежите на тамошните луѓе никогаш не престанаа“.
„Како држава, вчера таму бевме, а пак денеска таму сме со нашите хуманитарни организации, со образовните институции, со здраствените институции и со нашите развојни проекти. Нели ви велам дека светот е поголем од пет. Турција е поголема и од Турција, да се знае. Ние не можеме да се затвориме во 780.000 квадратни километри. Нашите физички граници се други, а пак границите на душата се други. Можно е нашите браќа во Мосул, Керкук, Алепо, Хумус, Мисрата, Скопје, Крим, Кафказ да бидат надвор од нашите физички граници, но сите тие се внатре, во границите на нашата душа, се наоѓаат токму во средината на нашите срца“.