İdris Okuducu
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Во понеделник, на 25 септември, ќе биде организиран референдум за независност во организација на регионалната Курдска управа во северен Ирак, а кој ирачкиот Федерален суд го прогласи за неуставен.
Одлуката која еднострано ја донесе администрацијата во Ербил, ја бојкотираат Туркмените и Арапите, а ги вклучува градовите Ербил, Сулејманије и Духок, додека Киркук, чиј статус е нерешен и во кој по 2014 година, под изговор за борба против ДЕАШ, се воспоставија силите Пешмерга. Опфатени се Tузхурмату, во Салахадин, потоа Ханекин, Мендел и Џaлавла и Кара Tапа во Дијала.
Според бројките објавени од страна на Независната висока изборна комисија на Регионалната курдска управа во северен Ирак, референдумот ќе се одржи во подрачјето на Синџар, Maхмур, Teлкејф, Хамданије, Шејхан, Зумар, Рабиа, Немруд и Бартела, кои припаѓаат на Мосул.
Централната Влада во Ирак остро се противи на референдумот. Не само што одлуката за референдум е прогласена за противуставна, туку избирачките места нема бидат отворени ниту во Багдад, ниту во другите градови.
Гласачите што живеат надвор од границите на Ирак ќе можат да гласаат преку електронски систем.
- Гласањето можно на 12.000 места -
Сите гласачки кутии за референдумот, кој ирачкиот Федерален суд го прогласи за неуставен, пристигнаа до гласачките места, а гласањето ќе може да се изврши на 12.000 точки, 7.000 на подрачјето на Регионалната курдска управа во северен Ирак и 5.000 во области чиј статус не е решен.
Комисијата истакна дека бројот на избирачи чие изјаснување го очекува на референдумот, вклучувајќи ги и областите со нерешен статус, изнесува околу 5,2 милиони.
Во Ербил има 1,2 милиони, во Сулејманије 1.280 милиони, во Киркук 750.000, Духок 800.000, Мосул 750.000, и во останатите области околу 420.000 гласачи.
Сѐ уште не е познат точниот број на гласачи во Tузхурмату, кој припаѓа на Салахадин, нa Ханекин, Мендел и Xaлавл и Кара Tапа во Дијалa.
Локалните власти на Салахадин и на Дијала не го поддржаа организирањето на референдумот.
- Податоците за гласање не се ажурирани -
Постојат наводи дека податоците кои ги дала Комисијата припаѓаат на општите избори одржани во Ирак во 2013 година, кои не се ажурирани.
Голем број цивили поради терористичка организација ДЕАШ, напуштија одредени подрачја на Киркук и станаа раселени лица во земјата. Поради тоа не се очекува голема излезност на одредени подрачја во Мосул.
Референдумот е поддржан само од страна на Израел, а против него се Ирак, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Германија, Турција и други земји кои бараат тој да биде откажан.