Diyar Güldoğan
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Бројот на починатите од труење со алкохол во Сибир се зголеми на над 70, се вели во денешнотот соопштение од руското Министерство за здравство, ден откако претседателот Владимир Пурин потпиша нов закон за производите што содржат алкохол, јавува Anadolu Agency (AA).
„Бројот на жртвите од труење со алкохол во Иркутск се зголеми на 71“, се вели во цитираната изјава од министерството, пренесена од официјалната државна новинска агенција ТАСС.
Од министерството се вели дека повеќе од 100 лица се отруле од алкохол откако испиле лосион за капење.
„Вчера претседателот Путин ја одобри листата на државни прописи за производство и продажба на производи што содржат алкохол“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ.
ТАСС јавува дека вчера вкупно 11 лица биле притворени поради тоа што наводно имале одговорност во труењето со алкохол.
Истражувачкиот комитет на Русија во понеделникот соопшти дека иако на шишињата имало предупредување за употребата, лосионот бил консумиран како алкохол.
По овој инцидент, градоначалникот Дмитриј Бердников прогласи вонредна состојба во Иркутск.