Mustafa Keleş
18 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ (АА) - Беше одржан итен состанок на Советот за безбедност на ОН по барање на Русија, во врска со нападите врз војниците на сирискиот режим од страна на коалициските сили предводени од САД, јавува Anadolu Agency (AA).
По затворениот состанок на Советот којшто траеше околу 1 час во изјавата за новинарите постојаниот претставник на САД во ОН, Саманта Пауер, рече дека се истражуваат наводите за нападите на САД врз војниците на сирискиот режим.
Постојаниот претставник на Русија во ОН, Витали Чуркин, пак, ги обвини САД за нарушување на одредбите од договорот за прекин на борбите. Тој рече дека САД ги напаѓаат елементите на сирискиот режим и му помагат на ДАЕШ.
Чуркин истака дека сирискиот режим дозволил да помине хуманитарната помош: „Очекуваме првиот конвој со хумантрна помош во Сирија да тргне утре наутро“.
На прашанњето на новинарите: „Дали е нарушен договорот меѓу Русија и САД“ Чуркин одговори, „ова сега е голем знак прашалник. Се надевам дека САД сите нас ќе нè убедат дека сакаат политичко решение за Сирија“.
Беше соопштено дека во воздушните напади во Деир ез-Зур од страна на колациските сили предводени од САД, животот го загубија 62 војници на сирискиот режим и над 100 беа повредени.