Mustafa Çalkaya
30 Септември 2016•Ажурирај: 30 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, доцна синоќа се состана во Анкара со саудискиот принц, престолонаследникот и потпретседателот на Владата на Саудиска Арабија, Мухамед бин Најиф бин Абдулазиз Ал Суд, а двајцата официјални претставници се договорија во интензивирање на соработката во борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудискиот принц се состана и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, а денес ќе биде примен и од претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Турскиот министер за економија Нихат Зејбекчи денес во Анкара се состана со саудискиот министер за трговија и инвестиции Маџид Албдулах Ал-Касабиј.
Почетокот на состанокот во зградата на министерството во Анкара беше отворен за фоторепортерите и снимателите, после што средбата на двајцата министри продолжи зад затворени врати.
Според сознанијата на АА за време на разговорот станало збор и за трговските односи на двете земји.