Ivana Ramadanova
28 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија излезе со соопштение по вечерашните немири кои избувнаа во Законодавниот дом на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од партијата велат дека ќе одговараат за загрозувањето животи сите кои учествуваа во вечерашното насилство во Парламентот, како и за сите други злодела нарачани и спроведени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
„Крвавото насилство во Парламентот е резултат на насилството на коешто изминатиот период повикуваше Никола Груевски, како и провокациите, омразата, поделбите поттикнати од Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници и поддржувачи", велат од партијата.
Во соопштението стои: „Сериозно се повредени пратеници, претставници на граѓаните, што е врв на нецивилизираниот однос на овие луѓе кои се подготвени да жртвуваат сè за да се обидат да избегнат одговорност“.