Cankut Taşdan
14 Септември 2018•Ажурирај: 16 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Џанкут Ташдан
Претседателството на Националната разузнавачка организација на Турција (МИТ) соопшти дека за време на сослушувањето, Јусуф Назик кој беше фатен во сириска Латакија и доведен во Турција, дал значајни информации околу поврзаноста на сириската Разузнавачка служба со нападот во Рејханли, јавува Anadolu Agency (AA).
Јусуф Назик е човекот што го планираше бомбашкиот напад во Рејханли, а во моментов трае неговото сослушување во подружната единица на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Анкара.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, истражната екипа составена од полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Анкара, Дирекцијата за разузнавање и експерти кои имаат познавања за организацијата Народноослободителна партија - фронт на Турција (THKP-C), во сослушувањето на Назик добиле важни информации за неговите врски со организацијата.
- Дешифрирана врската меѓу THKP-C и Ел Мухаберат
Во сослушувањето на Назик, добиени се информации за моменталната состојба на организацијата, врските во земјата и во странство, активностите во Сирија и врската на лидерот на организацијата, Михрач Урал, и сириската Разузнавачка служба „Ел Мухаберат“.
Назик, за време на сослушувањето, рекол дека наредбата за бомбашкиот напад во Рејханли ја дал агентот на Ел Мухаберат, „Мухамед“, со кодно име „Хаџи“.
Соопштено е дека е можно за потребите на сослушувањето да биде продолжен притворот на Назик, со цел добивање повеќе информации, по што може да дојде до проширување на операцијата.
- Назик е фатен во Латакија во операција на МИТ
Во бомбашките напади што беа извршени 2013 година во местото Рејханли во областа Хатја, животот го загубија 53 лица. Јусуф Назик беше човекот кој ги водеше бомбашките напади и кој комуницираше со сириската Разузнавачка служба. Во операцијата на МИТ, тој е фатен во сирискиот град Латакија и префрлен во Анкара на сослушување.
Во сослушувањето спроведено од страна на екипите на МИТ, Назик признал дека од сириската Разузнавачка служба добил инструкции да пронајде алтернативни локации за изведување акции во Турција, и додал дека експлозивот бил донесен од Сирија во Турција и биле обезбедени две возила од моделот „транзит“, а тој го организирал поставувањето на експлозивот во возилата.
Јусуф Назик, организаторот на нападот во Рејханли, кој се наоѓа во „сината“ категорија на Листата на барани терористи, по завршеното сослушување од страна на МИТ, на 12 септември е предаден на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Анкара.