Emre Gürkan Abay
18 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
МОСКВА (АА) - Трошоците на Русија, чија економија минува низ тежок период, за воените операции кои руските воени сили ги изведувааат во Сирија од месец март досега, изнесуваат околу 700 милиони долари и поради продолжувањето на операциите, тие трошоци ќе продолжат да се зголемуваат, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Русија, Владимир Путин, минатата недела изјави дека руските сили почнувајќи од 30-ти септември до денес извеле повеќе од 10.000 летови во Сирија и погодиле над 30.000 цели. Кон Сирија биле исфрлени 115 крстосувачки ракети од воздух и море, додека руските авиони бомбардери со долг дострел извршиле 178 летови.
На прашањата на дописникот на АА одговараше Бен Мурс, виш аналитичар за воздухопловство и безбедност во меѓународната организација за истражување IHS, кој истакна дека рускитe воени сили заедно со силите на режимот во Сирија вршат заеднички напади, со што се зголемуваат воените трошоци на Русија.
Путин изјави дека трошоците на Русија за интервенциите во Сирија во периодот од 30-ти септември 2015 година до 15-ти март 2016 година изнесуваат 460 милиони долари, а експертот Мурс во врска со тоа изјави: „Според нашите пресметки трошоците на Русија изнесуваат околу 700 мииони долари.“
Ана Боршчевскаја од Институтот за Блискоисточни студии во Вашингтон смета дека дневните трошоци на Русија во Сирија изнесуваат околу 4 милиони долари. Таа изјави дека е тешко точно да се пресметаат дневните трошоци на Русија во Сирија, но истакна дека целта на Москва била да ја прикаже најниската можна вредност на своите трошоци во Сирија.
- Помош на режимот на Асад -
Експертот од Рускиот Совет за меѓународни односи на Блискиот Исток, Јури Бармин, истакна дека при пресметките на операциите во Сирија, Русија била ослободена од одредени трошоци и додаде „Режимот на Асад ѝ помогна на Русија во изнајмувањето на бази, снабдување со гориво и вода.“
Производителите на оружје во Русија имаат соработка со руското министерсто за одбрана, потсети Бармин.
„Затоа министерството за одбрана на Русија, можно е да обезбеди бесплатна муниција во замена за пласирање на руската муниција во Сирија.“
- Русија го демонстрира своето оружје“ -
Директорот на Европската лидерска мрежа на истражувачки, Лукас Кулеса, соопшти дека според проценките на експертите, дневните трошоци на Русија во Сирија изнесуваат 3,3 милиони долари.
Кулеса потсети дека проценките се направени пред повлекување на дел од руската војска од Сирија.
„И да се намали бројот на воените руски летови во Сирија, продолжува нејзиното учество во судирите и затоа трошоците кои ги истакна Путин во својата изјава ќе бидат поголеми“, соопшти Кулеса.
Кулеса истакна дека во проценката не се земени в предвид воените единици и останати екипи за поддршка.
„Не треба да се заборави дека со операциите во Сирија, (Русија) го презентира своето наоружување. На тој начин можни се нови договори за продажба на оружје и на тој начин од финансиски аспект може да биде во добивка. Трошоците за операциите се покриени од основниот воен буџет и затоа овие трошоците за овие операции не беа тема на расправа во Рускиот парламент.“