Ekip
18 Август 2016•Ажурирај: 19 Август 2016
АЛЕПО (АА) - Неколку часа по последниот воздушен напад на сирискиот град Алепо, сириските опозициски сили објавија потресна фотографија и снимка на дете извлечено од урнатините, пренесува Anadolu Agency (AA).
На снимката се гледа исплашеното дете, кое службеник од итна помош го внесува во амбулантната кола, оставајќи ја отворена вратата за внесување на уште повредени лица. Детето, во потполност прекриено со крв и прав, мирно седнува на столче, запрепастено гледајќи во фоторепортерите пред себе. Во еден момент, со дланка ја брише крвта од левиот образ и се брише од столчето.
Фотографиите и снимката на детето беа објавени во бројни светски медиуми, а се проширија и на социјалните мрежи како симбол на војната во Сирија.
Докторот од Алепо, Осама Абу ал-Ез, потврди дека станува збор за петгодишното дете Омран Данакнешу. Детето, како што рече тој, е превезено во болницата „M10“, по синоќешните воздушни напади на населбата Катерји.
Лекарите во Алепо инаку користат кодни имиња и називи за болниците коишто се честа цел на воздушните напади.