Bekim Laci
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Маглата од утринава предизвика проблеми во патниот и воздушниот сообраќај во Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот "Александар Велики" во Скопје утрово не слетаа авионите кои летаат од Белград, Истанбул и Цирих кон Скопје, исто така, полетувањата кон Белград и Истанбул се откажани.
Освен овие три летови, денес не се очекуваат други откажувања или одложувања и сè треба да се реализира во согласност со распоредот на летови.
Во меѓувреме Авто-мото Сојузот на Македонија изјави дека поради појавата на магла намалена е видливосте на патиштата Тетово - Попова Шапка од 30 до 50 метри, до 50 метри на патот Велес - Катланово и планинскиот преслап Ѓавото, додека на патиштата Скопје - Катланово, Катланово Скопје и Велес - Штип, видливоста е од 100 до 150 метри.
Посебно внимание во текот на денот треба да се има на оските кои минуваат низ планинските клисури, Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Гостивар - Маврово.