Admir Fazlagikj
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Слаб земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во источниот дел во скопското епицентрално подрачје, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјотресот што се случи во 4 часот и 55 минути е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Во во текот на претходната недела во Скопје и околината се имаше повеќе повремени земјотреси кои видно ги вознемирија граѓаните.
Во Центарот за управување со кризи беа регистрирани околу 500 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион.