Ekipa
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку три лица се ранети во самоубиствен напад во близина на националниот театар во сомалискиот главен град Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на сомалиската новинска агенција СОННА, портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност, Абдулкемал Муалим Шукри изјави дека нападот на контролната точка во близина на театарот е извршен со автомобил-бомба.
Според него, загинал бомбашот-самоубец кој управувал со автомобилот, а ранети се тројца цивили.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот. Терористичката организација Еш-Шебаб ја презеде одговорноста за претходните напади во Сомалија.