Emre Ayvaz,İbrahim Yozoğlu
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
САКАРЈА (АА) - Агентот за недвижнини од турскиот градот Сакарија, во турската покраина Адапазари, Ерџан Tунџа, на автомобилот со марка Фолксваген "Буба", кој го купил за 8.000 лири (2,395 евра), потрошил уште 112.000 лири (33.541 евра), вградувајќи во автомобилот мултимедијален систем и простор за играње табла, јавува Anadolu Agency (AA).

Автомобилот е произведен во 1974 година, а Tунџа на него променил буквално сè, од прозорецот на седиштата, воланот, па сè до моторот.
Tунџа (38) во својата "буба" вгради мултимедијален систем, а обезбеди и простор за играње на табла. Вгради и мала кујна во која се наоѓаат сетови за кафе и чај.

Овој страсен љубител на автомобили, вели дека неговата "буба" сака да ја вози долго време, поради што одлучил целосно да ја обнови.
"Во возилото не остана ниту една завртка која не е променета и тоа траеше две години. Имаше делови кои пристигнаа од странство", рече Tунџа, кој истакна дека за "бубата" нарачал специјална црвена боја.
Инаку, во автомобилот, исто така, има три телевизори а инсталирани се и електрични прозорци. Седиштата се тапацирани со кожа која е нарачана од странство и е рачно шиена.