Abdulkadir Nişancı
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
БАЈБУРТ (АА) - Посетителите на планината Koп, на границата меѓу покраините Бајбурт и Ерзурум во североисточниот дел на Турција, уживаат во игрите на различните видови пеперутки, јавува Anadolu Agency (AA)
Сините, белите, жолтите пеперутки се одмор за очите и душата. Нивниот танц ги импресионира набљудувачите.
Мирот, чистиот воздух и природата во која доминираат различните видови на пеперутки се најдобар избор за оние кои сакаат да избегаат од сообраќајниот метеж.

Блискиот Универзитет Бајбурт спроведува разни проекти на планината Koп, а многу од нив се поврзани со истражување на бројните видови на пеперутки.
Проектот со фотографирање на пеперутките на кој работат професорот Абдурахман Шефали и студентите на Педагошкиот факултет, сведочи за разновидноста на пеперутките во овој регион.
Ректорот на Универзитетот, Селчук Џошкун, изјави дека планината Koп секогаш била живеалиште на различни видови на живи суштества и дека има историско и географско значење.
Чоскун вели дека на планината Koп се документирани 134 видови на пеперутки. Сепак, тој додаде дека сè уште има многу непознати и неистражени видови. Тој додаде дека меѓу познатите се наоѓаат 36 видови кои се многу ретки видови.

„Како што дознав од колегите, овие видови се хранат со ретки видови на растенија кои растат на планината Коп”, рече Џошкун.
Според професорот Сефали, во Турција може да се најдат 414 видови на пеперутки, од кои 134 се наоѓаат во подрачјето на Бајбурт.