Aynur Ekiz
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговар со претседателот на Русија, Владимир Путин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од претседателски извори, Ердоган и Путин разговарале околу билатералните односи, како и околу последните случувања во Сирија.
Се истакнува дека турскиот претседател Ердоган, за време на разговорот, изразил загриженост поради нападите во Дума и Источна Гута.
Според соопштеното, во разговорот била укажана важноста на заедничкото делување со цел спречување на цивилните загуби и доставување хуманитарна помош.
Двајцата лидери изразиле задоволство од состанокот на Советот за соработка на високо ниво, кој се одржа на почетокот на овој месец во Анкара, како и од резултатите на Трилатералниот самит за Сирија.